Македонија во Светото Писмо
Македонија во Светото Писмо
ДЕЛА Глава 16 Павле повикан во Македонија 6 Така тие ги преминаа Фригија и Галатискиот крај, зашто ним не им беше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија. 7 А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот на Исус не ги пушти. 8 И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада. 9 Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“ 10 По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието. Крштавањето на Лидија од Македонија 11 И така, откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, а утредента – во Неапол, 12 и оттаму во Филипи. Тој е главен град во тој дел на Македонија и римска колонија. Во тој град престојувавме неколку дена. 13 А во саботата излеговме надвор од градот покрај една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени. 14 И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле. 15 А кога беше крстена таа и нејзините домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.
ДАНИЕЛ Глава 10 20 И тој ми рече: „Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? сега ќе се вратам за да се борам со персискиот кнез; а штом ќе завршам, ќе дојде кнезот на Јаван.
Римјаните 15:26 зашто Македонија и Ахаја одлучија да дадат некаков прилог за сиромашните светии во Ерусалим.
1 Коринтјаните 16:5 Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам.
1 Солуњаните 1:7 така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.

Дела 16:10 По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.
Дела 18:5 А кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле беше поттикнат да сведочи пред Јудејците дека Исус е Христос.
Дела 19:22 И прати во Македонија двајца свои прислужници – Тимотеј и Ераст, а сам остана извесно време во Азија.
1 Солуњаните 4:10 бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве поттикнуваме, браќа, уште повеќе да напредувате,
Дела 16:9 Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“
Дела 16:12 и оттаму во Филипи. Тој е главен град во тој дел на Македонија и римска колонија. Во тој град престојувавме неколку дена.
Дела 20:1 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците и, откако им даде упатства, се прости со нив и тргна на пат кон Македонија.
Дела 20:3 таму остана три месеци. И бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, тој реши да се врати преку Македонија.

2 Коринтјаните 1:16 и преку вас да заминам за Македонија, а од Македонија пак да дојдам кај вас, та вие да ме придружите до Јудеја.
2 Коринтјаните 2:13 духот мој немаше спокој, бидејќи таму не го најдов мојот брат Тит; и затоа, откако се простив со нив, заминав за Македонија.
Дела 19:21 А кога се сврши тоа, Павле науми, откако ќе ја мине Македонија и Ахаја, да оди во Ерусалим, па рече: „Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам Рим.“
Филипјаните 4:15 А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога отпатував од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас;
1 Солуњаните 1:8 Зашто од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.
